Вашиот успех
во работата
е наша задача!

Никој маркетинг експерт не може да ви помогне
вашиот бренд да преживее доколку немате квалитетна
набавка по конкурентни цени. Ние правиме деловните
зделки со вино да се случуваат!

За нас

После многу години заедничка работа, во 2013 година ја основавме ММ Интернејшнл како партнерство помеѓу Марија Митева и Миле Костов.

Производство на вино,
флаширање и продажба

ММ Интернејшнл – Вино врши договорено производство на
суви црвени вина Вранец, Мерлот и Каберне Совињон; како
и бели вина – Шардоне, Ризлинг и Бело суво трпезно вино.

Исто така имаме вертикална соработка со одгледувачи и
винерии, вршејќи флаширање и извоз.

Услуги

ММ Интернејшнл – Вино има голема мрежа на винарии во регионот на Југоисточна Европа. Го лоцираме виното кое најмногу се совпаѓа со вашите барања по конкурентни цени.

Знаеме дека може да биде тешко да се најдат сигурни извори на рефус вино. Во текот на многу години развивме односи со богато портфолио на винарии. Ги тестираме сите вина пред купувањето и по прием, уверувајќи се дека виното се совпаѓа со веќе договореното според примероци.

ВАШИТЕ ОЧИ И УШИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Ве информираме кои вина се достапни на пазарот од премиум до најдобра вредност, највисок квалитет.

ДЛАБИНСКА АНАЛИЗА НА КОМПАНИЈАТА

Ги проверивме вашите добавувачи.

НЕПРЕЧЕНО ВРШЕЊЕ НА РАБОТАТА

Обезбедуваме конкурентни цени, ги добиваме сите потребни дозволи и управуваме со целата логистика и испорака.

КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

За вашето договорено производство вршиме целокупна контрола на квалитет и организација на производство, почнувајќи од проценка на овошјето и преземање координација до сите операции за производство на вино, од складирање и подготовка на мешавина до испорака.

Опрема

ММ Интернејшнл се горди претставници на лидерот во производството на машини и опрема за прехрамбената и винската индустрија во регионот и Европа, Родина Хасково.

На нашите клиенти им нудиме опрема за селекција, прием и транспорт на грозје; ферментација; ладење; резервоари за складирање; садови со специјална намена и додатоци.

Во рок од 2 години од основањето, ММ Интернејшнл стана главен снабдувач на опрема во винската индустрија.